Грушко: НАТО сфаќа дека Турција е ризик за целата Алијанса

Нападот на Турција врз рускиот авион Су-24 изгледа како свесна провокација чија цел е удар врз антитерористичката коалиција, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко.

Дејствијата на Турција со соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 создаваат опасност по целата Северноатлантска алијанса и НАТО тоа го разбора, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко во програмата на радиото „Комерсант ФМ“, пренесува ТАСС.

„Мислам дека НАТО-земјите разбираат во каква опасна авантура ги вплеткува Турција со таа криминална акција, зашто сојузник којшто е поврзан со сите членки на Алјансата, со сите 20, со многу сериозни обврски во сферата на безбедноста, би рекол, со срцето и душата, и во воената сфера, и во политичката, а најважниот член – петтиот – создава опасност од ризик за самата Алијанаста“, изјави тој.  Дипломатот ја потенцираше сериозноста на ситуацијата потсетувајќи дека последниот случај на напад на земји од НАТО врз воздухоплови на Русија и СССР датира од почетокот на 1950-те години.

„Не случајно во изјавата на Столтенберг се зборуваше за тоа дека е потребно да се покаже ладнокрвност, и тој исто така апелираше на решавање на оваа ситуација на линија Москва-Анкара. Што може да сведочи за тоа дека НАТО, како организација, сака максимално да се дистанцира од овој инцидент“.

Нападот на Турција врз рускиот авион Су-24 изгледа како свесна провокација, чија цел е удар врз антитерористичката коалиција, изјави Грушко.

„Ова изгледа како свесна провокација. Ако изгледа како свесна провокација, како може да ја осудиме? Како второ, очигледно е дека авионот не претставувал закана за самата безбедност на Турција. Тоа е очигледно за сите. И проблемот денес се состои во тоа што земјите на НАТО, водејќи се од политичката солидарност, одбиваат да ја погледнат ситуацијата објективно и  да заземат во наведениот случај позиција каква што секогаш заземаа кога беше нарушуван воздушниот простор на тие земји“.

Постојаниот претставник на РФ во НАТО укажа дека постапките на турските авиони-ловци во наведениот случај не само што противречеле на меѓународното право, туку у на препораките на НАТО. „Објективно ситуацијата им е јасна на сите – тоа е криминал, тоа е најгрубо прекршување на меѓународното право, тоа противречи не само на фундаменталните членови на Повелбата на ООН и на голем број конвенции, туку противречи и на самите препораки на НАТО“, изјави Грушко.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња