Најновиот број на провладиниот турски весник „Буѓун“ (Bugün) објави на насловната страница текст со големи букви на руски јазик „Ние сме пријатели, соседи“. Веднаш под насловот е објавена и фотографија со деца од Русија и Турција, пишува „Комсомолскаја правда“.
Со овој гест новинарите сакаа барем малку да ја намалат тензијата во односите меѓу Русија и Турција.
Иако апелот е преведен не многу професионално, смислата е потполно разбирлива. Весникот бара од читателите да се потсетат на пријателството и добрососедството со Русите по наглото влошување на односите меѓу Русија и Турција по соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија од страна на турската воена авијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче