Сириски министер: Су-24 беше соборен поради интересите на синот на Ердоган

Нафтата што ИД ја носи во Турција се транспортира од компанија која му припаѓа на синот на Реџеп Таип Ердоган, изјави сирискиот министер за информации Омран Аз-Зуби.

Турските F-16 го соборија рускиот авион како одговор на уништувањето на стотиците цистерни кои беа упатувани од страна на „Исламската држава“ од Сирија во Турција. Целата нафта ја купуваше нафтената компанија на синот на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, изјави во интервју за РИА „Новости“ сирискиот министер за информации Омран Аз-Зуби.  

„Целата нафта беше испорачувана за компанија која му припаѓа на синот на Реџеп Ердоган. Во врска со тоа Турција стана нервозна кога Русија почна да нанесува удари врз инфраструктурата на ИД и уништи над 500 цистерни со нафта. Тоа многу му одеше на нерви на Ердоган и неговото друштво. Тие не само што извезуваат нафта, туку и пченица и историски артефакти“, изјави министерот.

Говорејќи за верзијата на Анкара дека таа го соборила Су-24 во врска со нарушувањето на воздушниот простор на земјата од страна на рускиот авион, Аз-Суби рече: „Фактот за нападот врз авионот во сирискиот воздушен простор без предупредување, како што изјави преживеаниот руски пилот, потврдува уште еднаш дека Турција лаже. Најпрвин тие рекоа дека испратиле 10 предупредувања, потоа соопштија дека авионот се наоѓал над територијата на Турција 17 секунди. Невозможно е да се пратат 10 предупредувања за 17 секунди – технички тоа не е можно“, рече сирискиот министер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.