Русија го запира безвизниот режим со Турција од 1 јануари 2016 година

Заканите од страна на Турција имаат сосем реален карактер, потенцираше шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Русија го запира безвизниот режим со Турција од 1 јануари 2016 година,  изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.   

„Раководството на РФ донесе одлука да го запре безвизниот режим којшто во моментов важи меѓу Русија и Турската Република. Ова решение ќе стапи на сила од 1 јануари идната година“, изјави Лавров на прес-конференцијата по разговорите со својот сириски колега Валид Муалем.

Министерот додаде дека „ова не е измислена закана“. „Напротив, овие закани се потполно реални и ние со целосна одговорност го изјавуваме ова“, истакна тој.

Односите меѓу Русија и Турција се влошија откако во вторникот, 24 ноември, руски бомбардер Су-24 беше срушен од страна на турската воена авијација

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.