Турција ги запре летовите на своето воено воздухопловство над територијата на Сирија во рамките на операцијата што ја спроведува меѓународната коалиција против терористичката група „Исламска држава“ по инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24, соопшти весникот „Хуриет“, а пренесува ТАСС.
Според информациите на весникот, таквата одлука била донесена во договор со Русија која наводно исто така „престанала со спроведување воени операции во близина на границата со Турција“.
Претседателот на Русија Владимир Путин предупреди дека нападот врз бомбардерот ќе има „сериозни последици“ за руско-турските односи. Според зборовите на шефот на руската држава, нападот на турската воена авијација врз рускиот авион кој учествуваше во антитерористичката операција во Сирија и не претставуваше закана за Турција е „нож во грбот“ на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче