Во зоната на падот на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија се уништени водачи на терористички групи. Како што беше објавено, во текот на борбените дејствија биле ликвидирани тројца лидери. Двајца од нив се идентификувани како Абу Басир ал-Британи, Британец кој се борел за „Фронтот ан-Нусра“, и Абу Салим, лидер на бунтовничката Прва крајбрежна дивизија.
Како што е познато, терористот Абу Басир ал-Британи е син на холивудскиот режисер Патрик Кини. Лукас Кини е препознаен на видеото објавено од групата „Ал Каеда“ која ја поддржува својата филијала „Фронт ан-Нусра“.
Ликвидацијата на бунтовниците е извршена од воздух од страна на силите ВКС РФ во Сирија. Руските бомбардери во средата, 25 ноември, нанесоа воздушни удари врз позициите на борците на „Фронтот ан-Нусра“ во провинцијата Латакија, каде беше соборен Су-24. Авијацијата на РФ извршила најмалку 12 напади на територијата контролирана од сириските Туркмени. Како резултат биле уништени неколку конвои со шверцувана нафта, соопштува РЕН ТВ“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче