Русија распореди С-400 во Сирија

Претставник на американската амбасада во Москва изјави дека распоредувањето на противвоздушен ракетен систем С-400 во Сирија нема да придонесе во борбата против „Исламската држава“.

Русија во Сирија распореди противракетен систем С-400. С-400 заедно со системот „Форт“ на ракетниот крстосувач „Москва”, која се доближи до брегот на Сирија, ќе ја гарантира безбедноста на летовите на руската авио-група и ќе ги уништува сите цели кои ќе претставуваат опасност за неа, пренесува „Взгљад”.

Вчера портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека претседателот Путин го поддржал предлогот на Министерството за одбрана на РФ да бидат префрлени најновите системи С-400 во базата Хмејмим, каде е стационирана руската авио-група.

Аташето за печат на американската амбасада во Москва Вил Стивенс изјави дека распоредувањето на системот С-400 во Сирија нема да придонесе за борбата против „Исламската држава“.  

„Распоредувањето на овие системи само ќе ја отежне и онака тешката ситуација на небото над Сирија и на никој начин нема да помогне во борбата против ИД, затоа што таа не располага со авијација“, изјави Стивенс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.