Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека инцидентот со рускиот авион Су-24 укажува на „неопходноста од зајакнување на механизмите за исклучување на слични инциденти во иднина“, соопштува агенцијата „Асошиејтед Прес“ повикувајќи се на колумна на шефот на Алијансата.
„Ние не треба како месечари да одиме во насока на ненамерна ескалација“, напиша Столтенберг во колумната која ќе биде објавена во низа европски изданија денеска.
Столтенберг истакна дека инцидентот бара „смиреност и дипломатија“ и укажува на неопходноста од обновување на договорите кои важат веќе со години, а се насочени на обезбедување максимален степен на транспарентност и предвидливост на воените активности во Европа.
Освен тоа, како што соопштува агенцијата, генералниот секретар на НАТО ја обвинува Русија за откажување од некои од тие договори или за искористување на дупките во тие договори. „Реалноста е таква што кодексот за европска безбедност застаре“, смета Столтенберг. Тој додаде дека „тоа не е нова Студена војна“, туку е „сигнал за будење“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче