Медиум: Исклучете ја Турција од НАТО, земете ја Русија

Влегувањето на Турција во НАТО во 1952 година беше кратковида одлука, сега тој сојуз повеќе потсетува на „договор со ѓаволот“, пишува конзервативниот весник American Thinker.

Како што одминуваше времето, Турција сѐ повеќе се претвораше во „разгалено дете“, смета American Thinker. Во 1974 година со инвазијата на Кипар предизвика раскол во Алијансата, а во 2012 година отвори оган на Синај, оправдувајќи се дека Сирија прва го сторила тоа. Во  2000-те земјата почна да искажува отворени симпатии спрема  исламизмот, што би требало да биде предупредувачки сигнал за НАТО. Изданието нагласува дека за оние кои ја разбираат долгата и сложена историја на оваа држава, склоноста кон исламизмот секогаш била забележлива.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе со години предупредува на исламската закана, но Западот тоа го игнорира. Путин зборуваше дека Турција одамна станала сојузник на „Исламската држава“, затоа што ја купува нафтата што терористите ја продаваат евтино.  

Весникот исто така пишува дека на Запад многумина го ценат Путин, дека неговата геополитичка стратегија е јасна. Западот има повеќе допирни точки со Русија отколку со исламскиот свет. Затоа НАТО би можел да ги преиспита односите со сојузниците и да ја покани Русија во својот блок, пишува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња