Медиум: Ако има закана, Анкара може да ги затвори Босфорот и Дарданелите

Можноста за конфликт со Турција го доведува во прашање преминувањето на руските бродови низ Босфорот.

Наглото влошување на односите меѓу Москва и Анкара ги доведува во прашање испораките на руското вооружување и префрлувањето на војниците низ овие премини, оставајќи го отворен преминот преку Гибралтар (што би траело 13 дена доколку се поаѓа од Санкт Петербург, а со поаѓање од Мурманск 14 дена, место 4 дена колку што трае со поминувањето низ Босфорот). Останува и можноста за воздушен транспорт, пишува ИА „Регнум“.

Според меѓународните договори, турските власти имаат право да ги затворат за воени бродови премините Босфор и Дарданели кои ги поврзуваат Црното и Средоземното море, доколку Турција почувствува дека е во „воена опасност“. А во случај на директна војна тоа ќе се случи автоматски.

Меѓутоа, во овој момент еднострано затворање на премините е малку веројатно, затоа што на тој начин се кршат меѓународните договори, како што се Конвенцијата од Монтре од 1936 година, пишува РБК.

Според овој документ, во мирнодопско време Турција е должна да ги пропушта воените бродови од мала и средна класа на сите земји. Државите кои излегуваат на Црно море можат преку премините да поминат со воени бродови од секаква класа. Единственото ограничување е што тие треба да пловат поединечни или со минимална придружба (најмногу два носачи на ракети).

Меѓутоа, ако Турција се наоѓа во состојба на војна или „во воена опасност“, прашањето за дозвола за преминување на воени бродови низ премините ѝ е препуштено на Анкара. Според условите од договорот, во тој случај мора да биде официјално објавена војна, а доколку тоа не е случајот, Турција е должна да ги пропушти странските бродови под услов тие да бидат одвоени од својата морнаричка база. Освен тоа, Турција е должна да добие согласност од ОН за затворање на премините.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.