Северноатлантскиот пакт (НАТО) не е заинтересиран за ескалација на ситуацијата околу соборувањето на Су-24. Вакво мислење искажа во програмата на ТВ-каналот „Русија 1“ постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко, пренесува ТАСС.
„НАТО не е заинтересирано за ескалација. Мислам дека во НАТО едноставно се плашат од последиците по себе доколку овој инцидент не биде регулиран“, изјави тој. „Зашто Турција е член на НАТО, а НАТО е поврзан со Турција со цела низа обврски“.
Според зборовите на Грушко, се чувствува конфузиja во Алијансата која не го помина „испитот по објективност“, политички „покривајќи ја Анкара“ на вонредната седница по повод соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 од страна на Турција. Но, генералниот секретар на Алијансата Столтенберг даде до знаење дека конфликтот треба да биде регулиран меѓу Анкара и Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче