Владата на Украина забрани увоз на руски гас

Украинската влада одлучи да ѝ забрани на државната енергетска компанија „Нафтогас на Украина“ да купува руски гас, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

Украинската влада одлучи да ѝ забрани на државната енергетска компанија „Нафтогас на Украина“ да купува руски гас, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.  

Директорот за развој на „Нафтогас на Украина“ Јуриј Витренко изјави дека украинската компанија ќе купува само европски гас, кој е „поевтин од рускиот“.

Претседателот на „Нафтогас“Андреј Коболев додаде дека Украина и оваа, и која било друга зима може да ја преживее без рускиот гас, пренесува „Взгљад“. 

Претходно во средата претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер соопшти дека испораката на руски гас за Украина се запира сѐ додека украинската страна не уплати аванс за следните количини руски гас.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња