Шојгу: Во Хмејмим во Сирија ќе бидат распоредени ракетни системи С-400

Министерот за одбрана на Русија нареди во воздухопловната база Хмејмим во Сирија да се постават ракетни системи С-400.

Во воздухопловната база Хмејмим во Сирија, каде се сместени руските вооружени сили, ќе бидат префрлени ракетни системи С-400, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на РФ на седницата на колегиумот на министерството, пренесува ТАСС.

Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе им ја пружи сета неопходна помош на семејствата на загинатите војници во Сирија, изјави Шојгу на почетокот на седницата, а присутните им оддадоа почит на загинатите војници со минута молчење.

Шојгу го замоли својот заменик Николај Панков да преземе сѐ што е неопходно на семејствата и децата на загинатите да им биде пружена помош. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.