Од амбасадата на Турција во РФ изјавија дека непознати лица извршиле напад на дипломатското претставништво во знак на протест поради соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија од страна на турски воен авион.
„Демонстрантите пред амбасадата фрлаа камења вез зградата. Стаклата на првиот и вториот кат се скршени, камењата ги погодија канцелариите на службениците“, соопшти за „Интерфакс“ портпаролот на амбасадата на Турската Република во Москва Орхан Газигил.
„Службениците се плашат да се движат во ходниците на амбасадата, можно е да има и некој кој се здобил со повреди, но таа информација се прецизира“, истакна тој.
Претходно беше соопштено дека жителите на Улјановск го скинале турското знаме од зградата на пиварницата „Ефес“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче