Обама: Има „потенцијално совпаѓање на интересите“ со Русија борбата со ИД

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека гледа „потенцијално совпаѓање на интересите“ со Русија во борбата со „Исламската држава“

„Неколку стотици Руси беа убиени од ИД. Реката странски борци од територијата на Русија во Сирија самата претставува огромна долгорочна закана за руската територија. Има потенцијално совпаѓање на интересите меѓу различни страни. Тоа бара од нас да работиме со нив, за да обезбедиме стратешки промени (во позицијата на Русија“, ги пренесува „Взгљад“ зборовите на Обама. 

Обама додаде дека САД како и претходно не се согласни со поддршката на сириските власти што им ја дава Москва.  

Обама исто така изјави дека помошта на Русија за прекин на граѓанската војна во Сирија можела да биде огромна. „Имајќи ги предвид воените можности на Русија и, земајќи го предвид влијанието на Русија врз режимот на Асад, соработката со нивната страна (Русија) би била извонредно полезна за да се дојде до прекин на граѓанската војна во Сирија и да се фокусира целото наше внимание на борбата со ИД“, изјави американскиот претседател.

Оваа изјава Обама ја даде во текот на заедничката прес-конференција со претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.