Експерт: Анкара направи неверојатна грешка

Настаните се одвиваат според негативно сценарио. Турција одбива да ја признае вината, генералниот секретар на НАТО нешто промрмори за заштитата на територијалниот интегритет, Обама го поврза соборувањето на рускиот авион со тоа што Русија не учествува во западната коалиција.

Со соборувањето на рускиот авион Анкара направи неверојатна грешка, пишува на својот Фејсбук-профил д-р Андреј Сушенцов, раководител на агенцијата „Надворешна политика“ (Внешняя политика), доцент на Московскиот државен институт за меѓународни односи.

Настаните се одвиваат според негативно сценарио. Настаните се развиваат според негативно сценарио. Турција одбива да ја признае вината, генералниот секретар на НАТО нешто промрмори за заштитата на територијалниот интегритет, Обама го поврза соборувањето на рускиот авион со тоа што Русија не учествува во западната коалиција.  

Додуша, сите тие изјави се дадени со интонација на збунетост и не се добива впечаток дека партнерите ја сфаќаат тежината на ситуацијата. Вистина, кружат информации дека во Брисел владее збрканост, затоа што Турците ги доведоа сите во незгодна положба.

Турција го загуби усетот за реалност. Дали било во прашање загрозување на живот? Дали се проценети сите последици? Дали е разработена стратегија за излез од кризата? Ако тоа не е направено, станува збор за неверојатна грешка на Анкара, смета рускиот експерт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.