Тројца руски новинари ранети во Сирија

Група руски новинари се најде под оган во Сирија, соопштува Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Руските новинари се нашле под оган во Сирија, тројца од нив се ранети, соопштува „Интерфакс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Инцидентот се случил на 23 ноември. Новинарите се здобиле со полесни повреди додека излегувале на позициите на сириските владини сили во населбата Дагмашлија. Еден од нив е потешко повреден, додава министерството.

„Во моментов целата група руски новинари се врати во авиобазата „Хмејмим“, каде на ранетите им се пружа медицинска помош“, рече изворот за „Интерфакс“.

Според информациите на телевизијата „ЛајфЊуз“, ранети се дописник на агенцијата ТАСС и новинар на ТВ-каналот „Русија денес“ (Russia Today). Новинарите се здобиле со рани откако, се претпоставува, се нашле под оган на милитантите на Џебат ан-Нусра (терористичка организација забранета во Русија).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.