Новак: Испораката на руски гас за Украина престанува за ден-два

Украина не уплати аванс за рускиот гас и во моментов зема многу малку гас, изјави министерот за енергетика на РФ Алексеј Милер.

Испораките на руски гас за Украина можат да прекинат во текот на следните два дена поради неплатен аванс, смета министерот за енергетика на РФ Александар Новак, пренесува РИА „Новости“.

Претходно првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер истакна дека сѐ уште не е платен авансот за рускиот гас. Последната транша беше уплатена од Украина на 5 ноември. Милер истакна дека Украина во моментов зема многу мали количини гас. Но дури и при такви услови на Украина ѝ останува платен гас за уште неколку дена.

„Денес или утре испораките на гас ќе престанат да се реализираат поради немање уплатен аванс“, изјави Новак во програмата на радиото „Вести ФМ“.

Во периодот од октомври 2015 година до крајот на март 2016 година „Гаспром“ и „Нафтогас“ работат врз база на зимскиот пакет, договорен од Русија, Украина и ЕУ на 25 септември.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.