Не е случајно избрано времето, пишува весникот. Токму оваа недела, со посетата на францускиот претседател Оланд на Москва, требаше да се реши прашањето дали Западот и Русија ќе можат да се обединат против „Исламската држава“. На Анкара таквото сценарио нема ни најмалку да ѝ се допадне, затоа што тоа би значело дека Башар Асад останува на власт барем во некој преоден период, додека за турскиот претседател соборувањето на Асад од власт е главна цел.
Токму затоа Турција ќе прави сѐ руската интервенција во Сирија да заврши неславно, односно Москва да не се договори со Европа и САД за заеднички акции, пишува „Комерсант“.
„Затоа Анкара се реши на максимално заострување на односите: соборува руски воен авион. Притоа е очигледно дека руската авијација не претставува закана за турската војска. Јасно е и каква судбина ги очекува пилотите ако паднат во рацете на радикалните групации во Сирија“, продолжува весникот.
Реџеп Таип Ердоган очекува емоционална, непромислена реакција на Москва која ќе ги отфрли сите можности за создавање широка антитерористичка коалиција во Сирија.
„Москва тоа мора да го сфати. И да не дозволи да се оствари турското сценарио. Да не тргне во лов на турски авиони, да го продолжи дијалогот со Франсоа Оланд и останатите западни лидери. Да го продолжи она што го започна во Сирија. И максимално да ја обезбеди турската амбасада во Москва: ако на пилотите им се случи нешто, пред амбасадата се можни секакви инциденти.
И да не го заборави што направи Ердоган. „Денеска тој го покажа своето вистинско лице“, пишува весникот „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче