Властите на главниот град на Русија определија 15 плоштатки во метрото каде по специјална аудиција ќе можат да настапуваат улични музичари, пренесува РИА „Новости“.
„За уличните музичари се одвоени 15 официјални плоштатки во метрото. За основа на инцијативата авторите го зедоа искуството на Лондон: таму во метрото можат да свират само оние музичари кои добиле дозвола за тоа. Специјалните плоштатки ќе ја обезбедат безбедноста на самите музичари – сите места добро се набљудувани од камерите за видео-надзор, - а исто така ќе им овозможат и ним и на нивните слушатели да не пречат на протокот на патници“, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Москва.
Сите настапи ќе бидат бесплатни. На таблите што ќе бидат поставени до местата со музичарите ќе биде напишано дека прилозите можат да бидат само на доброволна база.
Властите веќе подготвија прелиминарен список со плоштатки: метро станицата „Арбатскаја“ (сина линија), „Боровицкаја“, „Воробјови горы“, „Виставочнаја“, „Достоевскаја“, „Китај-город“, „Курскаја“, „Лермонтовски проспект“, „Мајаковскаја“, „Полјанка“, „Трубнаја“, како и премините од „Трубнаја“ на „Цветни Булевар“, од „Театраљнаја“ на „Охотни Рјад“, од „Охотни Рјад“ на Театраљнаја“ и меѓу „Театраљнаја“ и „Плоштадот на Револуцијата“.
Планирано е музичарите да почнат со настапи на плоштатките веќе во првиот квартал од 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче