Русија ја почна процедурата за испорака на ракетните системи С-300 за Иран, соопштува иранската новинска агенција „Тасним“ повикувајќи се на изјавата на иранскиот амбасадор во Москва Мехди Санај.
„Процесот за испорака на С-300 за Иран влезе во фаза на реализација“, ги цитира иранската агенција зборовите на иранскиот амбасадор во Москва Мехди Санај, а пренесува „Взгљад“.
Договорот за испорака на руските ПВО-системи за Иран стапи на сила на 9 ноември. Следниот ден министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека Техеран смета да ги добие ракетните системи С-300 до крајот на годината.
Техеран ќе добие од Русија четири дивизиони модернизирани С-300 место три, како што стоеше во стариот договор. Системите ќе бидат модифицирани специјално за Иран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.