Путин и Хамнеи разговараа за енергетска соработка и за Сирија

Претседателот на Русија и врховниот поглавар на Иран сметаат дека е недозволиво однадвор да му се диктираат на сирискиот народ опции за политичко решение, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков

Претседателот на Русија и врховниот поглавар на Иран Али Хамнеи ги разгледаа прашањата за билатералните односи, вклучително и енергетската соработка, ситуацијата во Сирија и низа други теми, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Разговорот беше со сосем конструктивен карактер. Лидерите разменија мислења за сегашната состојба на билатералните односи, вклучително и во сферата на трговско-економската соработка, истакнувајќи го присуството на агендата на големиот број конкретни проекти од енергетската сфера и други области“, изјави Песков.  

„Според мислењето на Хамнеи, јасно е дека сегашното ниво на нашата соработка не одговара на потенцијалот на нашите две земји и врховниот поглавар изрази надеж дека разговорите, кои денеска ќе се одржат меѓу Путин и Рухани, ќе доведат до резултати кои ќе бидат значителен импулс за диверзификација на нашите билатерални трговско-економски односи“, истакна портпаролот.  

Според неговите зборови, иранската страна им дала висока оценка на напорите кои руската страна ги вложи во решавањето на иранската нуклеарна програма.

„Во голема мера дискусијата се фокусираше на кризните ситуации во регионот, пред сѐ, се дискутираше за ситуацијата во Сирија. Се одржа максимално детална размена на мислењата, беше потенцирано единството во мислењата на Москва и Техеран во однос на тоа дека е недозволиво да се диктираат варијанти за политичко решение однадвор и безалтернативноста на реализацијата на тој политички метод од страна на самиот сириски народ“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.