Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Украина реципрочно ќе одговори на ембаргото на увоз на прехранбени производ кое Русија го воведува од 1 јануари.
„Што се однесува до ембаргото, сакам јасно да истакнам дека руската закана за воведување ембарго на украинските производи од 1 јануари ќе добие реципрочен одговор од украинските власти. На секоја руска одлука за ембарго против Украина ние ќе донесеме реципрочна одлука за ембарго против Русија“, изјави Јацењук на седницата на украинската влада во понеделникот, пренесува РИА „Новости”.
Според зборовите на премиерот на РФ Дмитриј Медведев, загубите на Украина поради руското ембарго ќе изнесуваат повеќе стотици милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче