Дипломат: Западот со договор за продолжување на санкциите за шест месеци

Западните лидери на маргините на самитот на Г-20 се договориле да ги продолжат антируските санкции до јули 2016 година.

Западните лидери на средба на маргините на минатонеделниот самит на Г-20 се договорија да ги продолжат санкциите против Русија за шест месеци, до јули 2016 година, изјави висок европски дипломат за „Ројтерс“.

Одлуката била донесена и покрај зголемениот број на повици за поблиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин во борбата против „Исламската држава“ по терористичките напади во Париз.

Американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Велика Британија Дејвид Камерон и на Италија Матео Ренци и францускиот шеф на дипломатијата Лоран Фабиус имале кратка средба пред крајот на самитот на Г-20 во Анталија.

Рокот на санкциите е до јануари 2016 година, пред целосната имплементација на „Минската спогодба“ во Украина.

Западните лидери се договориле дека е важно да се задржи притисокот врз Русија пред планираните избори во источна Украина, изјави дипломатот.

„Изборите во Украина се тешка задача“, рече дипломатот кој побара да остане анонимен поради доверливоста на договорот во Анталија.

„Имаме само шанса да го добиеме она што ни треба доколку играме на картата на санкциите. Финансиските санкции треба да останат до крај“, додаде дипломатот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.