Берлин го нарече криминал исклучувањето на струјата за Крим

Исклучувањето на електричната енергија за Крим претставува криминален чин, изјави портпаролот на МНР Германија Мартин Шефер.

Исклучувањето на електричната енергија за Крим претставува криминален чин, изјави портпаролот на МНР Германија Мартин Шефер.

„Нападите врз јавната инфраструктура во Украина, како и на онаа за обезбедување на Крим со струја, претставуваат криминални чинови. Очекуваме на тој начин да бидат перципирани од компетентните украински службени лица и да бидат истражени“, пренесува „Взгљад“.

Шефер додаде дека Берлин очекува обнова на испораката на електрична енергија за Крим.

Како што претходно во понеделникот изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, Кремљ поаѓа од тоа дека Украина е способна да ги отстрани последиците од хаваријата и да го обнови снабдувањето со електрична енергија за Крим. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња