Медведев: Лекциите од 11 септември налагаат заедничка борба со тероризмот

Разумната политика во земјите на Блискиот Исток треба да се состои во поддршка на легитимната власт, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Одговорноста за зајакнувањето на ИД лежи меѓу другото и врз САД, кои место борба со терористите почнаа да се борат за заминување на претседателот на Сирија Башар Асад. Лекциите од 11 септември ја покажуваа неопходноста од обединување на напорите на сите земји во борбата со тероризмот без поделба на „наши и ваши“, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев, коментирајќи ја оценката на претседателот на САД Барак Обама за улогата на Русија во конфликтот во Сирија.

Претходно Обама изјави дека Русија повеќе е фокусирана на поддршка за претседателот на Сирија Башар Асад, меѓутоа информациите дека падот на А32 е терористички напад, можно е да го изменат нејзиниот пристап.

„Зајакнувањето на „Исламската држава“ стана можно меѓу другото и како последица на неодговорната политика на САД. Место да се фокусираат заедничките напори врз борбата со тероризмот, Америка и нејзините сојузници се впуштија да се борат со легално избраниот претседател на Сирија Башар Асад“, изјави Медведев.

„Разумната политика во земјите на Блискиот Исток, независно дали е тоа Сирија, Египет или Ирак, за сите земји, вклучувајќи ги и САД, треба да се состои во поддршка на легитимната власт која е способна да го обезбедува интегритетот на државата, а не во тоа, да се поткопува ситуацијата“, истакна тој, Според зборовите на рускиот премиер, такви жални примери веќе постојат.

„Претходно САД придонесоа за зајакнувањето на „Ал Каеда“, што доведе до трагедијата на 11 септември. Тие лекции ја потврдуваат мислата дека борба со терористичката закана е можна само заеднички, без поделба на сојузниците во таа борба на наши и ваши“, потенцираше рускиот премиер, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.