Во париското предградие Сен Дени на 18 ноември француските безбедносни сили упаднаа во стан во кој се наоѓаше осомничен за неодамнешните терористички напади во Париз. Во текот на операцијата беше убиен полицискиот пес по име Дизел, соопшти „Ле Паризиен“.
Овој настан потресе многубројни корисници на интернет, кои веднаш го смислија хаштагот #JeSuisChien („Јас сум пес”) и почнаа со собирање потписи за петиција со барање за постхумно доделување орден на храбриот пес, пишува „РТ”.
Руското МВР исто така реши да му оддаде почит на Дизел на својата Фејсбук страница и за да ја ублажат болката на своите француски колеги, решија да им подарат кученце.
Неговото име е Добриња, во чест на рускиот епски јунак Добриња Никитич, кој „претставува олицетворение на сила, добрина, војничка храброст и несебична помош“, се наведува во соопштението на МВР РФ. Русија ќе им го подари ова кученце на своите колеги во Франција „во знак на солидарност со францускиот народ и полицијата во борбата против тероризмот“.
Трогнати од овој гест, Французите објавуваат пораки со благодарност на интернет.
На пример, корисникот Luke83 напиша коментар: „Благодарност до Русија. Тоа е голем народ и имаат вистински лидер”.
„Благодарност до овие добри луе во името на нашиот храбар полицаец кој го изгуби својот храбар пес! Можеби ќе ни го позајмат нивниот претседател до 2017 година, да нѐ извади од ова во што нѐ пикна нашиот претседател“, напиша корисникот со прекар Bbr.
.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче