Берлин ги изнесе условите за враќање на Русија во Г-8

Никогаш не сме сакале да ја изолираме Русија или на долг период да ја претвориме Г-8 во Г-7, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер.

Соработката на Русија по повод Сирија и решавањето на конфликтот во Украина ќе овозможат враќање во форматот Г-8, изјави шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

„Ако во решавањето на украинскиот конфликт и понатаму успешно ги решаваме потешкотиите и ако Русија во Сирискиот конфликт и понатаму, како досега, соработува со нас на постигнување решение, Западот нема да има долгорочен интерес да ја исклучи Русија од редовните средби на водечките западн земји“, изјави Штајнмаер.

Според неговото мислење, на Русија не ѝ од интерес со години да „заглави” во Сирија и „сѐ подлабоко да биде вовлечена во конфликтот“, рече Штајнмаер, а пренесува „Взгљад”.

„Затоа имам впечаток дека и Русија навистина бара начин за излез од сириската криза“, изјави министерот.

„Никогаш не сме сакале да ја изолираме Русија или на долг период да ја претвориме Г-8 во Г-7. Оваа одлука ја донесовме откако по анексијата на Крим беше нарушена меѓусебната доверба“, истакна Штајнмаер

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња