Претседателот на Русија Владимир Путин ги повика руските војници вклучени во операцијата во Сирија да го одржат високото ниво на спроведување на операцијата, пренесува РИА „Новости“.
„Задачите се исполнуваат и се исполнуваат добро“, изјави шефот на државата откако во текот на видео-конференцијата ги ислуша рапортите на раководителите на соодветните единици. Путин им се заблагодари на војниците за нивната работа.
„Но тоа засега е недоволно за да се исчисти Сирија од бунтовниците, терористите и да се заштити Русија од можни терористички напади“, изјави тој.
„Пред нас е многу обемна работа и се надевам дека следните етапи ќе бидат реализирани исто така квалитетно, професионално и ќе го донесат очекуваниот резултат“, додаде претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче