Пентагон повика САД да го задржат технолошкиот паритет со Русија

Во сегашните услови САД треба да размислуваат за задржување на технолошкиот паритет со Русија и Кина, изјави заменик-министерот за одбрана на САД Боб Ворк.

„Јас би ја нарекол Русија голема сила во препород, а Кина – голема сила во зародиш. Мислам, ние го завршуваме 25-годишниот период кога бевме фокусирани на регионалните противници, а сега одново треба да размислуваме за голема стратегија, пренесува „Взгљад“.

„Треба да размислуваме за глобалното етаблирање на овие две големи сили и треба да почнеме со стратешки игри. (Во тие услови) треба да размислиме за задржување на технолошкиот паритет, доколку немаме предност пред нив“, потенцира Ворк.

Притоа Ворк смета дека Русија и Кина не наоѓаат сојузници. Според неговото мислење, тоа сведочи за „силата на либералниот светски поредок“ што САД „помагаа да се создаде во текот на последните 70 години“, се вели на сајтот на Министерството за одбрана на САД.

Ворк изјави дека чувствува сигурност во можностите на САД успешно да конкурираат со другите големи сили благодарение на цврстината на сојузите на Вашингтон и партнерите на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња