МНР РФ: Зајакнувањето на НАТО во Европа не ги заштити граѓаните од напади

Никаква инфраструктура која НАТО активно ја распоредуваше во Европа не беше доволна за спасување на човечки животи, изјави Марија Захарова, портпарол на МНР РФ.

Зајакнувањето на инфраструктурата на НАТО во Европа не успеа да ги заштити граѓаните на Франција и ЕУ од терористички напади, изјави во саботата портпаролот на МНР РФ  Марија Захарова, пренесува РИА „Новости“.

„(НАТО) е организација која ја декларира како нејзина основна цел безбедноста, безбедноста на граѓаните на земјите кои се негови членки. Тоа е најважниот адут. Каде беше таа организација, каде беше Северноатлантската алијанса кога во Париз на седум места се слушнаа експлозии и автоматски рафали... Тоа е трагична ситуација“, изјави Захарова во интервјуто за „Вести во сабота со Сергеј Бриљов“, објавено на сајтот на „Вести.

Според нејзините зборови, „никаква инфраструктура која толку активно сега ја распоредуваа (од страна на НАТО) на европскиот простор, зајакнувајќи некакви контингенти ту овде, ту таму, не беше доволна за да се спасат човечки животи“.

„Тогаш во што се состои вашата заштита и пружањето безбедност за населението ако вие не успеавте да им помогнете и да ги заштитите луѓето во Париз“, рече Захарова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.