МНР РФ: Во Мали настрадаа и руски државјани

Меѓу загинатите во нападот на бунтовниците врз хотел во главниот град на Мали има руски државјани, соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Меѓу загинатите во нападот врз хотел во Мали има руски државјани, а МНР РФ ќе даде официјална изјава откако ќе ги прецизира информациите, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„На 20 ноември, веднаш по добивањето на информацијата за терористички напад во Мали, руската амбасада се вклучи во оваа ситуација. Утрово на 21 ноември можеме да потврдиме дека меѓу загинатите има руски државјани“, изјави таа.

„Откако ќе биде добиена проверена информација за бројот и имињата (на загинатите), МНР ќе даде соодветна изјава“, додаде таа.

Во петокот, 20 ноември, десетина терористи извршија напад врз хотелот „Радисон“ во центарот на главниот град на Мали и зедоа како заложници 170 луѓе. Безбедносните сили ги ослободија заложниците. Претседателот на Мали Ибрахим Бубакар Кеита изјави дека во нападот загинале 19 луѓе, седуммина биле ранети, додека двајца терористи биле ликвидирани.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.