Медиум: Пет жаришта кои можат да предизвикаат трета светска војна

Секоја глобална војна почнува од искра, истакнува американскиот магазин „Национален Интерес“ и наведува список со пет „жаришта“ на кои светот би требало да им обрне внимание.

На прво место „Национален Интерес“  го става сирискиот конфликт. Ширењето на „Исламската Држава” (ИД) предизвикува загриженост на поголемиот дел светски сили, вклучувајќи ги Франција, Русија и САД. Меѓутоа, дури и со појавата на коалиција која би ги обединила овие земји, меѓу сојузниците можат да настанат судири поради различните ставови за иднината на Сирија. Исто така активните борби меѓу странските сили можат брзо да ги привлечат и Турција, Иран и Саудиска Арабија и да се прошират во светот, пренесува РИА „Новсти“.

Како второ потенцијално „жариште” е конфликтот меѓу Индија и Пакистан. Доколку радикалните групи, финансирани од Пакистан, направат нешто слично на терористичкиот напад во Мумбај, на трпението на Индија може да му дојде крај. И ако Пакистан претрпи сериозен пораз, употребата на тактичко нуклеарно оружје може да му изгледа како единствен излез. Подоцна во судирот можат да влезат САД, кои во последно време сѐ повеќе се зближуваат со Индија, и Кина, ако реши дека мора да застане во одбрана на Пакистан.

На трето место е ситуацијата во Источното кинеско море каде Кина и Јапонија играат опасна игра околу архипелагот Сенкаку и каде двете земји полагаат право на островот. Ако избие судир меѓу Кина и Јапонија, САД тешко ќе можат избегнат да не интервенираат и Кина ќе се обиде да биде проактивна, напаѓајќи ги американските воени објекти во регионот.

Освен тоа, ситуацијата во Јужното кинеско море предизвикува загриженост поради опасноста од конфронтација меѓу САД и Кина во која можат да влезат и Јапонија и Индија.

Последно „жариште“ е Украина, која во голема мера зависи од тоа колку е НАТО подготвен да интервенира во земјата. Ако Русија биде сигурна во НАТО интервенција, таа може да преземе мерки да го надитри мобилизирањето на Алијансата. И секој напад или сериозна закана од напад врз една од земјите на НАТО може да послужи како изговор за Алијансата да преземе воена акција.

„Национален Интерес“ истакнува дека денес земјите не разбираат колку се опасни воените игри. Лидерите на најмоќните земји во светот мораат да бидат претпазливи и да спречуваат ескалација на кризата, заклучува магазинот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња