Извор: Русија подготвена да дава попуст на нафтата на европскиот пазар

Извор во владата на РФ не сакаше да зборува за размерот на можните попусти, но истакна дека ниската цена на нафтата што ја предложи Ирак зависи од нејзиниот бренд.

Русија е подготвена да дава попусти на нафтата за да ги задржи своите позиции во Европа, изјави за РИА „Новости“ извор во владата на РФ.

„Ќе се бориме за својот пазар во Европа, ќе ги зголемуваме попустите за брендот „Уралс“. Меѓутоа немојте да мислите дека на Саудијците ќе им биде лесно да ги преземат нафтено-преработувачките капацитети кои историски работат на наша нафта, тоа не е технолошки лесно“, изјави соговорникот.

Тој не сакаше да зборува за размерот на можните попусти, но истакна дека ниската цена на нафтата што ја предложи Ирак зависи од нејзиниот бренд.

„Ние знаеме дека Ирак за 30 (долари за барел) продава, но тоа е брендот „Басра Хеви“, многу е тешка, не е конкуренција на „Уралс“ и нејзината цена е 35, а тие даваат попуст од 5 долари,“, коментираше соговорникот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.