Терористите од ИД купувале оружје од Украина

Лидерот на една од групите на терористичката организација „Исламска држава“ Осама Хајат призна дека договарал зделки за набавка на кинески преносни противракетни системи FN6 во Украина, кои потоа биле префрлани во Сирија преку територијата на Турција.

Водачот на една од групите на терористичката организација „Исламска Држава” изјави дека набавувал оружје од кинеско производство за ИД во Украина, пренесува „Взгљад”.

Лидерот на групата призна дека бил координатор на ИД во Кувајт и договарал зделки за набавка на кинески преносни противракетни системи FN6 во Украина, кои потоа биле префрлани во Сирија преку територијата на Турција.

Повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Кувајт, агенцијата „Асошиејтед Прес“ соопшти дека станува збор за уапсениот во Кувајт Либанец Осама Хајат. Хајат исто така рекол дека на соборците во ИД им помогнал во пронаоѓање нови членови на групата и собирал пари за неа на сметки во Турција.

Претходно беше објавено дека кувајтските власти ги запреле активностите нагрупата и уапсиле нејзини членови: пет Сиријци, двајца Австралијанци со либанско потекло, еден Еѓипќанец и еден локален жител. Меѓу оние кои се уапсени во Кувајт имало и двајца Сиријци кои тргувале со оружје и биле одговорни за финансии и комуникација. Жителот на Кувајт бил задолжен за логистиката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња