Според податоците на федералниот завод за финансиски мониторинг (Росфинмониторниг), во 2013 и 2014 година 3,5 илјади Руси им испратиле пари на терористички групи. Оваа година безбедносните служби регистрирале финансирање на „Исламската држава“ во износ од 300 милиони рубли, пишува „Взгљад”.
Современ тренд на финансирање на терористички и екстремистички активности е таканаречениот „краудфандинг“ (crowdfunding), односно масовно прибирање средства по пат на интернет во вид на донации.
„Таквите шеми за финансирање на терористичките активности се попристапни не само за терористите, туку и за донаторите – радикално ориентирани граѓани кои порано немале можност да им дадат финансиска помош на терористичките организации, а не се поврзани со нив“, вели извор од финансиското разузнавање.
Така во 2014 година е идентификуван руски државјанин кој на интернет под псевдонимот Бугарски Салман регрутирал луѓе да учествуваат во вооружениот судир во Сирија со објавување огласи за собирање средства на банкарска сметка. Според информациите, тој порано учествувал во вооружениот судир во Авганистан, издржувал казна во затворот во Гвантанамо на Куна и е следен поради вмешаност во пружање финансиска помош на припадници на илегални вооружени групи.
„Росфинмониторинг“ соопшти дека постои висок ризик од ангажирање во терористички цели на каналите за илегална миграција и прекуграничните финансиски текови од централна Азија и Блискиот Исток. Русија, исто така, води борба против финансирање на тероризмот. Според информациите на ресорот, финансирањето на тероризам и екстремистички активности има во речиси сите региони на Руската Федерација.
Така разузнавачката служба идентификуваше повеќе од 3,5 илјади физички лица во 80 региони на РФ кои учествувале во финансирање на тероризам. Вкупниот износ на трансакции во 2013 2014 година надминува 40 милиони рубли, додека во периодот од јануари до крајот на август 2015 година откриени се трансакции во вредност од околу 300 милиони рубли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче