Руските сили во Сирија продолжуваат со воените операции

Министерството за одбрана на РФ објави видеа од реализацијата на борбените активности на руските Вооружени сили врз цели во Сирија.

Министерството за одбрана на РФ објави на својот канал на YouTube видео од лансирањето на крстосувачките ракети „Калибар-НК“ од водите на Каспиското езеро, пренесува РИА „Новости“.

Бродовите на Касписката флотила  во петокот нанесоа масивен удар со 18 крстосувачки ракети врз седум цели на позициите на терористите во сириските провинции Рака, Идлиб и Алепо. Според информациите на министерството, сите цели биле погодени.

Исто така, на интернет беше објавено и видео со борбените летови на стратешката авијација на ВКС РФ која е вклучена во нанесувањето воздушни удари врз ИД.

На третото видео, пилотите во авиобазата „Хмејмим“ во Сирија пред полетувањето пишуваат на бомбите пораки до терористите - „За нашите“ и „За Париз“.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.