Русија неме да добие 3 милијарди долари од Украина. Други услови за реструктуирање на долгот Москва, исто така, нема да добие, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, пренесува „Взгљад”.
„Исто така реков: поинакви услови, од оние што ги имаат останатите кредитори, нема да добиете. Основните услови се намалување на долгот за 20%, префрлање на сите долгови во следните четири години. Ако не сакате, тогаш ќе добиете одлука од украинската влада за воведување мораториум на исплата на 3 милијарди долари на Русија. Многу едноставно сакам да им објаснам на нашите соседи и државата-агресор: ние нема да платиме 3 милијарди долари”, рече Јацењук за украинската телевизија.
Во меѓувреме портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека Русија чека официјален одговор на предлогот за реструктуирање на долгот на Украина и на другите земји, на кои им предложи да бидат жиранти.
„Рускиот предлог го формулираше претседателот Путин. Согласно тоа, би требало да добуеме одговор од украинската страна за подготвеноста и одговор од оние земји кои се повикани да станат жиранти на оваа шема на реструктуирање. Некакви други предлози руската страна не давала“, рече Песков.
„Долгот е суверен, тој подлежи на плаќање, неплаќањето на овој долг ќе значи банкрот“, додаде портпаролот на рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.