Русија поднесе до Советот за безбедност на Обединетите нации обновена предлог-резолуција за координација на напорите во борбата против тероризмот, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин, пренесува РИА „Новости”.
Според неговите зборови, документот е подготвен во светлината на неодамнешните настани. „Акцентот е ставен на борбата против ИД и на потребата од заеднички напори“. Во документот, како што рече тој, „јасно е формулиран концептот на самоодбрана и членот 51 (од Повелбата на ОН)“.
„Некои одредби се инспирирани од изјавите кои Г-20 ги даде во Анталија“, рече Чуркин. Тој истакна дека документот содржи одредби за меѓусебна координација и заедничка работа за апсење и казнување на сторителите на терористички напади.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче