МНР РФ одговори на обвинувањата на Бугарија за хибридна војна на Балканот

Тврдењата на претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев дека Русија води хибридна војна на Балканот се неосновани, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Според зборовите на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, Москва смета дека Софија во иднина ќе се воздржува од слични обвинувања на адреса на Русија, пишува „Взгљад“.

Притоа Захарова потенцираше дека руски авиони не го нарушувале воздушниот простор на Бугарија. „Официјално нема регистрирано случаи на нарушување на бугарските воздушни граници од  бугарските средства за објективна контрола“, изјави таа.

На 16 ноември во весникот „Индепендент“ беше објавено интервју со бугарскиот претседател во кое тој изјави дека Русија наводно има намера да почне хибридна војна на Балканот за да ја дестабилизира ситуацијата во цела Европа.  

Плевнелиев исто така изјави дека неговата земја од пролетта 2014 година наводно регистрирала десетпати повеќе нарушувања на воздушниот простор на Бугарија од страна на руски воени авиони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња