Медиум: ЕУ разгледува три опции за санкциската политика против Русија

Весникот „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на европски функционери наведува различни рокови за продолжување на притисокот со санкции врз Русија, поврзувајќи ги со почитувањето на „Минската спогодба“.

Европската унија е блиску до продолжување на важноста на антируските санкции, поврзани со кризата во Украина и разгледува три варијанти, вклучително и продолжување на рестриктивните мерки за 3-4 месеци, пишува весникот „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се неименувани европски функционери и дипломати.

„Функционерите велат дека на површината лежат три варијанти: продолжување на санкциите уште за шест месеци, за една година или на пократок рок од три-четири месеци, за да ѝ покажат на Москва дека европскиот блок признава некои од отстапките во врска со Украина“, пишува изданието.  

Како што изјавија за весникот лица кои се во тек со разгледувањето на ова прашање в Брисел, „има општа согласност за продолжување на економскиот притисок врз Русија сѐ додека планот за мирно решение со посредство во Минск не биде во целост реализиран“. Изданието истакнува дека ЕУ е блиску до продолжување на санкциите „без оглед на обидите за подобрување на односите со Москва по париските напади“.  

Како што се очекува, европските лидери ќе дискутираат за антируските санкции кон средината на декември оваа година. „Освен ако прашањето не биде решено пред тоа, како што беше во јуни“, пишува весникот.  

Претходно германскиот весник „Ханделсблат“ соопшти дека ЕУ има намера да ги продолжи санкциите против Русија уште за половина година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња