Лавров: Спуштајќи железна завеса пред РФ САД можат нешто да си пригмечат

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за „Радио Русија“ изјави дека Вашингтон во обидот да спушти железна завеса пред Москва може да си пригмече нешто.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Вашингтон во обид да спушти железна завеса пред Москва „може нешто да си пригмече“, пренесува „Взгљад”.

„Денеска Сергеј Лавров даде интервју за „Радио Русија“, а ќе биде достапна и телевизиска верзија на каналот „Русија 24“. Една фраза од разговорот ќе ви дадам веднаш. Прашање: „Како ги оценувате тврдењата дека западните земји спуштаат нова железна завеса пред Русија?“ Лавров: „Кога ќе спуштаат железна завеса би можеле нешто да си пригмечат“, напиша портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својот Фејсбук-профил.

На почетокот на ноември Лавров рече дека Русија, и покрај акциите на другите земји, никогаш нема да тргне по патот на самоизолација во потрага по непријател.

„Како што во повеќе наврати нагласи претседателот Путин, и покрај сите акции на нашите колеги, никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација, по патот на трагање по непријатели. Секогаш ќе бидеме подготвени да соработуваме со сите оние кои го сакаат тоа и кои всушност градат односи на рамноправна основа и заемно почитување“, рече шефот на руската дипломатија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња