Креаторот на „Армата” осуден за велепредавство

Според податоците на Истражниот комитет на Руската Федерација, Максим Људмировски соработувал со странски земји пренесувајќи им вредни информации за новите достигнувања во руското вооружување.

Физичарот во одбранбената индустрија Максим Људомирски на 18 ноември е прогласен за виновен за велепредавство. Московскиот градски суд донесе ваква пресуда за Људомирски кој беше уапсен уште во 2014 година.

Деталите од судењето не се познати, затоа што случајот беше класифициран како „тајна” и беше одржан зад затворени врати.

Максим Људомирски беше косопственик на Научно-истражувачкиот комплекс „Електрооптика” и истовремено работеше на позицијата главен инженер.

Комплексот е специјализиран за развој и производство на уреди за навигација во авионите, нивните основни елементи, како и за специјализиран софтвер. Људомирски исто така развиваше некои од системите за вооружување на тенкот „Армата“. Покрај тоа, тој е и автор на неколку трудови за ласерска техноглогија.

Според податоците на Истражниот комитет на Руската Федерација, Максим Људмировски соработувал со странски земји пренесувајќи им вредни информации за новите достигнувања во руското вооружување. Обвинетиот се договорил со истрагата и во целост ја признал својата вина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.