Песков: Русија ја чувствува поддршката од САД

Претходно претседателот на САД Барак Обама изјави дека ја поддржува борбата на Русија против ИД.

Русија ја чувствува поддршката од САД за борба против „Исламската држава“, затоа што интересите на двете држави се совпаѓаат по ова прашање. Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков прецизираше дека поддршката е вербална, додека практична соработка, како и претходно, нема, соопштува „Лента.ру“.  

На тој начин портпаролот на Кремљ одговори дали Москва ја чувствува поддршката на Вашингтон за која претходно зборуваше претседателот на САД Барак Обама.

Обама изјави дека секогаш ја поддржувал борбата на Русија против „Исламската држава“. Ова тој го изјави на маргините на самитот на Азиско-Пацифичката економска соработка што се одржува во Манила. Притоа тој истакна дека има намера да дискутира за прашањето за зајакнување на руските мерки во борбата со ИД со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот лидер исто така потенцираше дека Русија била „конструктивен партнер“ во сириските преговори во Виена, меѓутоа, разногласијата за судбината на сирискиот претседател Асад сѐ уште остануваат. Обама изрази надеж дека Москва ќе ја смени својата позиција по наведеното прашање откако објави дека падот на рускиот авион А321 е терористички чин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња