На Крим стигнаа најновите ракетни бродови со ракети „Калибар”

Малите ракетни бродови од класата „Бујан-М“ се конструирани со помош на тнр. стелт-технологија која ја намалува можноста бродовите да бидат откриени од радар.

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” денеска впловија во Севастопол, каде ќе биде нивната постојана база, соопшти началникот на одделот за информирање на Црноморската флота Вјачеслав Трухачов, пренесува „Вести.ру“.

„Денеска во Севастопол пристигнаа малите ракетни бродови на Црноморската флота „Серпухов“ и „Зелен Дол“. Тие претходно успешно ги поминаа испитувањата во Новоросијск и потоа запловија кон местото каде ќе биде нивната постојана база“, изјави тој.

„Зелен Дол” и „Серпухов” се четвртиот и петтиот брод од класата „Бујан-М“ што се произведува во Татарстан за потребите на Воената морнарица на Русија. Првите три бродови од оваа серија („Углич”, „Град Свијажск” и „Велики Устјуг”) се прославија во целиот свет откако од Каспиското езеро со крстосувачки ракети „Калибар“ погодија цели на територијата на Сирија на оддалеченост од 1500 километри.  

Малите ракетни бродови од Проектот 21631 имаат труп кој има особина да ги апсорбира сигналите на радарот. Освен тоа, површините на бродот се конструирани на тој начин што веројатноста за нивно откривање на море е намалена. Трупот на бродот е конструиран со помош на тнр. стелт-технологија која ја намалува можноста бродот да биде откриен од радар. На екранот на радарот малиот ракетен брод тешко се разликува од, на пример, рибарски брод или голема јахта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.