Медведев: Политиката на Западот за изолација на Русија е чудна

Рускиот премиер Дмитриј Медведев по пристигнувањето на самитот на АПЕК во Манила изјави дека ставот на Западот за изолација на Русија е кратковид и насочен против сопствените народи.

Политиката на низа западни земји за изолација на Русија изгледа чудна по последните терористички напади, таа позиција е кратковида и штетна за целиот свет, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Зборувајќи за соборувањето на рускиот патнички авион А321 во Египет и терористичките напади во Париз, тој изјави дека на целиот цивилизиран свет му е објавена војна.

„Дотолку почудна изгледа денеска позицијата на низа западни земји во однос на Русија“, изјави Медведев, пренесува РИА „Новости“.

Тој објасни дека накратко таа позиција може да биде формулирана на следниов начин: „Нека оди светот по ѓаволите, но со Русија не сакаме да работиме. Да, ИДИЛ е зло, но не е апсолутно зло. Не е толкаво за да соработуваме со Русите. Ние не го сакаме Асад и сочувствуваме со Украина, а со Русија е обратно. Затоа никаква соработка, нормални контакти не се потребни, дискусија за сириското прашање. Вие имате свои цели во сириската кампања, ние имаме свои. Ние им објавивме на Русите бојкот, нема да се дружиме со нив, ќе ги изолираме“.

„А потоа подметнуваат бомби во авиони, убиваат во Париз, гинат луѓе во Сирија и на други места. Кратковида и штетна за целиот свет позиција. Позиција, насочена против сопствените народи“, заклучи шефот на руската влада.

„Русија, се разбира, ќе преживее и без тие контакти. Ние како и претходно ќе му се спротивставиме на теророт. И ќе победиме. Веројатно и Западот ќе преживее. Прашање е само колкава цена ќе биде платена. Јас сум длабоко убеден дека во таа борба мора да стоиме рамо до рамо“, рече Медведев.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња