„Исламската држава“ на интернет објави фотографија од рачно направената експлозивна направа која наводно соработници на терористите ја внеле во рускиот авион А321 што се сруши во Египет, пренесуваат агенциите „Ројтерс“ и „Асошиејтед Прес“.
Според информациите на агенциите, на фотографијата се гледа лименка „Швепс Голд“ како и наводниот детонатор. Како што истакнува „Асошиејтед Прес“, ИД тврди дека бомбата била внесена во авионот откако терористите откриле пропуст во системот за безбедност на аеродромот во Шарм ел Шеик.
Притоа, според „Ројтерс“, терористите изјавуваат дека првично нивниот план бил да срушат над Синај авион на една од западните земји, но го промениле планот откако РФ почнала да нанесува воздушни удари по позициите на ИД во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче