Лавров: Убиство на руски државјани е еднакво на напад врз руската држава

Терористичкиот напад над Синајскиот полуостров беше напад врз руски државјани, што е еднакво на напад врз државата, истакна шефот на руската дипломатија.

Убиството на руски државјани при терористичкиот напад кој доведе до несреќата со авионот А321 над Синајскиот полуостров е еднакво на напад врз Русија, изјави во средата министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Што се однесува до нашите активности (со цел пронаоѓање и казнување на одговорните за терористичкиот напад), како што истакна претседателот на РФ, тие ќе се засноваат на членот 51 од Повелбата на ОН. Овој член го гарантира правото на секоја земја на индивидуална или колективна самоодбрана во случај на напад. Терористичкиот напад над Синајскиот полуостров беше напад врз руски државјани, што е еднакво на напад врз државата“, истакна Лавров на прес-конференцијата по средбата со министерот за надворешни работи на Либан Џебран Басил, а пренесува РИА „Новости”.

Лавров додаде дека „правото на самоодбрана ќе биде реализирано си сите расположливи средства, и политички, и воени, и по линија на специјалните, разузнавачките служби итн“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.