Захарова го сподели симболот на трагедијата на рускиот А321 - „Солидарност„

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својот профил го сподели симболот на трагедијата што однесе 224 човечки животи.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова денеска на својот Фејсбук профил напиша дека официјално се објавени резултатите од истрагата за авионската несреќа на Синајскиот полуостров.

Тоа беше терористички напад. Претседателот му наложи на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација да се обрати до своите партнери во рамките на потрагата и пронаоѓањето на злосторниците. Ќе биде сторено!“

Марија Захарова истовремено му се заблагодари на непознатиот италијански симбол за аватарот-симбол на трагедијата што однесе 224 човечки животи со потпис Solidarietà.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.