Русија нуди 50 милиони долари за информации за рушењето на А321

Федералната служба за безбедност се обрати до руската и меѓународната заедница за помош во идентификување на терористите.

Руските безбедносни служби понудија награда во износ од 50 милиони долари за информации за сторителите на терористичкиот напад врз авионот А321 кој се сруши во Египет, пренесува РИА „Новости”.

„Федералната служба за безбедност (ФСБ) се обраќа до руската и меѓународната заедница за помош во идентификувањето на терористите. За давање информации кои ќе го олеснат апсењето на сторителите, ќе биде исплатена награда во износ од 50 милиони долари“, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека терористите одговорни за соборувањето на рускиот патнички авион А321 ќе бидат пронајдени каде и да се наоѓаат.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.